ИПАРД ПРОГРАМА

Поставувани прашања

Ве известуваме дека дејностите кои се однесуваат на одгледување на слатководни риби, односно Рибници (Аквакултурни фарми за слатководни риби) надополнети со инвестиции во изградба на Објектите (Базените) и/ или нивно целосно опремување (машини и опрема за одгледување на слатководни риби и рибен помладок) се прифатливи за кофинансирање согласно ИПАРД II Програмата 2014 – 2020 година.

 

На интернет страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) www.ipardpa.gov.mk во поглавјето „ИПАРД“ (ИПАРД II), во делот „Формулари“, Можете да ги најдете Обрасците во кои се наведени критериумите, условите, правилата и документите кои се потребни за Вашата инвестиција

Планираната инвестиција за набавка на машина за екструдирање на ориз и адаптација за простор за таа намена се прифатлива инвестиција во рамките на ИПАРД Програмата. Секако адаптацијата мора да се однесува на објект- просторија во која ќе се врши преработка на земјоделските производи, односно во случајот ориз.

Ве известуваме дека нови овошни насади со ореви е прифатлива инвестиција со ИПАРД 2 програмата 2014- 2020. Доколку ви е потребна дополнителна помош околу документацијата можете да дојдете во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Исто така ве известуваме и дека без разлика на тоа дали стре корисник или не на ИПАРД програмата, субвенции за овошен насад ореви ве следуваат, сумата на исплата на субвенција за орев е утврдена согласно Прогрмата за директни плаќања.

Ве информираме дека насади со лешници е прифатлива инвестиција со ИПАРД 2 програмата. Во врска со прашањата ете ги и одговорите:

 

1.Оградувањето на парцелата е прифатлива инвестиција со ИПАРД 2.

  1. Прифатлива е и инвестицијата за поставување на систем капка по капка.
  2. Садниците не треба да бидат набавени пред да ви биде одобрена апликацијата за ИПАРД. Исто така сакаме да ве информираме дека садниците кои ќе ги набавувате треба да бидат сертифицирани.

 

Доколку имате дополнителни прашања или обратете се писмено преку форумот, или може да дојдете директно во АФПЗРР каде ќе ви бидат објаснети сите работи кои не ги знаете за ИПАРД 2 и за начинот на кој треба да ја подготвите апликацијата.

Извор на податоци: ipardpa.gov.mk